ЗА НАС
ПРОИЗВОДИ
ГАЛЕРИЈА
РЕФЕРЕНЦИ
КОНТАКТ
НОВОСТИ
ЗА НАС
ЗА НАС
ЦИЦ Инженеринг Скопје е компанија која се занимава со опремување на ентериери со подни облоги. Таа е присутна на македонскиот пазар за комерцијални подови од 1992 година.

Основна дејност на компанијата е продажба на познати европски брендови – производители на квалитетни подови за сите видови ентериери, нудејќи широк спектар на подни облоги како ПВЦ подови, паркети и теписони во ролни или плочи за комерцијална примена.

Покрај продажбата изведува и монтажа на подови како би обезбедила целосна услуга на крајниот корисник. Затоа, покрај одделот за продажба, голем акцент е ставен и на одделот за техничка поддршка кој се состои од инсталација на ПВЦ под, теписони во плочи или ролна, како и високо луксузни теписони.

ЦИЦ Инженеринг е официјален претставник на:
  • Gerflor company - лидер во производството на еластични ПВЦ подови за здравствени, административни и образовни објекти. Во рамките на групата Gerflor е и SPM International company специјализирана за ПВЦ површинска заштита и парапети за болници, клиники, пензионерски домови, како и јавни објекти.
Исто така, ги застапува и:
  • Nordpfeil Company - еден од европските производители на луксузни теписони. Овие производи гарантираат издржливост од абење, наменети се за долготрајна употреба, го задржуваат изгледот по долга употреба и даваат удобност на подлогата.
  • Balsan – дел од меѓународната асоцијација Associated Weavers, Balsan е една од водечките француски производители на теписони. Нуди комплетна палета на високо квалитетни теписони во ролни или во плочи и има развиено палета со неограничен избор на бои и текстури на теписони за угостителски, канелариски или станбени објекти.
  • Pan Parketi – Хрватски производител на паркет. Компанијата има една главна цел, обезбедување на високо квалитетни услуги на клиентите и одржување на висока позиција на пазарот.